Премиерот Вен Џиабао бара од медицинските и владините претставници да ги засилат заштитните мерки со преглед на патниците во авионите, бродовите и возовите заради откривање на оние со знаци на Тежок акутен респираторен синдром или САРС. Инфицираните, како што рече тој, мора да бидат ставени во карантин.
Во долгиот новинарски извештај, државната телевизија ја презентираше изјавата на премиерот Вен кој вели дека болеста може да и наштети на кинеската економија, меѓународниот имиџ и социјалната стабилност.
Забелешките на г-динот Вен искажани на вчерашната прес-конференција посветена на САРС означуваат голема промена во кинескиот пристап кон болеста.
До неодамна, важеше наредбата на до кинеските медиуми да се игнорираат или да не им се придава значење на извештаите за САРС. Официјалните лица покажуваа незаинтересираност околу меѓународната загриженост за сериозноста на болеста и бавно реагираа на барањата да им дозволат на експертите од Светската здравствена организација да спроведат истражување на болеста САРС на територијата на Кина.
Денеска водечкиот киенски весник го цитира градиначалникот на Пекинг кој вели дека САРС за првпат бил забележан во главниот град на 1 март, односно еден месец порано одошто тоа го признаа владините претставници. Оваа изјава ги потврди минатонеделните тврдења на познатиот пекингшки лекар дека официјалните лица ги прикривале извештаите за болеста со цел да го избегнат политичкото понижување.
Лекарот истакна дека официјалните лица не сакале ширење на непријатни вести за време на годишната средба на Кинескиот Национален народен Конгрес во средината на март. Тој исто така рече дека кинеските претставници не го кажувале вистинскиот број на инфицирани и заболени лица.
Денеска, официјални лица пријавија уште 4 смртни случаи како последици на САРС и уште 74 заразени. Најголем број од новите случаи се регистирани во северната провинција Шанши.
Со најновиот извештај, бројот на инфицирани во Кина се зголеми на 1.400, од кои 64 лица веќе починале.
Се смета дека САРС за првпат се појави во ноември минатата година во Кина, од каде се прошири во Хонг Конг и ширум светот. Од оваа болест заразени се над 3.000 лица во десетина земји во светот, а починале 120 лица.