Линкови за пристапност

Најнови вести, 11 април, 2003 - 2003-04-11


MMФ - Светска Банка

Секретарот на американскиот оддел за финансии прашува зошто Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка бараат косензус од акционерите за да започне повоената реконструкција на Ирак.

Џон Сноу пред новинарите во Вашингтон, кои известуваат за полугодишниот состанок на светските институции, изјави дека на Светската банка не и требаат други овластувања за да почне да ги проценува потребите на Ирак. Секретарот изрази изненадување за изјавите на претседателот на Банката, Џејмс Волфенсон, дека Светската банка чека одобрение од ОН. Прашањето како е најдобро да се обнови Ирак, најверојатно ќе доминира на состанокот, како и средбата на Групата 8 што се одржува паралелно.

Ирачки лидери

Американската војска тврди дека ирачките лидери се обидуваат да избегаат во други земји.

Бригадниот генерал Винсент Брукс, кој е портпарол на американската Централна команда во Катар, денеска изјави дека на коалиционите трупи им била дадена листа со најбараните 55 ирачки лидери. Портпаролот кажа дека специјалните единици ја зазеле контролата на два контролни пункта на два ирачки гранични премини, едниот кон Сирија, а другиот кон Јордан. Американските специјалци исто така пронашле и два мали авиони скриени северно од Тикрит, кои би можеле да бидат употребени од ирачките лидери за да го напуштат Ирак. И по два дена од влезот на американските сили во центарот на Багдад, се уште не се знае што се има случено со Садам Хусеин и неговите синови.

Буш - Повредени војници

Претседателот Буш и првата дама на САД, Лора Буш денеска ќе ги посетат американските војници ранети во војната во Ирак.

Господин и госпоѓа Буш ќе ги посетат над 70-те ирачки воени ветерани и нивните семејства во двете воени болници во областа на Вашингтон. Претседателот се очекува на 16 повредени војници да им додели медали за храброст. Господинот Буш исто така ќе присуствува на свечената заклетва на двајца маринци кои стануваат американски државјани.

Авганистан

Шефот на американската Централна команда Томи Френкс се сретна со коалиционите сили во Авганистан.

Генералот Френкс денеска пристигна во воената база Баграм каде се сретна со неколкуте стотици американски и коалициони трупи, во рамки на еднодневната посета на Авганистан. Шефот на Централната команда изјави дека силите што се борат во Авганистан изведуваат слични операции како и оние во Ирак, независно што акцентот е ставен на војната во Заливот. Тој исто така кажа дека лекциите научени во Авганистан им помагаат на коалиционите сили во Ирак подобро да се справат со хуманитарните прашања.

Европа - Ирак

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави паѓањето на ирачката влада на чело со Садам Хусеин, но кажа дека било погрешно што притоа била употребена сила.

Господинот Путин изјави дека тој и германскиот канцелар Герхард Шредер на денешните разговори во Санкт Петерсбург се сложиле оти сега, главната задача е водечка улога во повоен Ирак да имаат ОН. Францускиот претседател Жак Ширак исто така се наоѓа во Санкт Петерсбург и се планира тројцата лидери да одржат дводневни разговори за Ирак. САД кажаа дека ОН може да имаат удел, но дека коалицијата против Хусеин ќе ја има водечката улога.

XS
SM
MD
LG