Линкови за пристапност

Индија смета дека најзначајно е одржувањето на суверениот интегритет на Ирак - 2003-04-10


Портпаролот на Министерстото за надворешни работи Навтеј Сарна вели дека индиската Влада е загрижена за хуманитарната ситуација во Ирак и дека се надева оти редот и законот наскоро ќе сe вратат во земјата.

„За нас е важно војната веднаш да заврши, силите да се повлечат, да се задоволат хуманитарните потреби на ирачкиот народ и секако важно ни е да се одржи суверениот интегритет на Ирак“, рече г-динот Сарна.

Ирачката амбасада во Њу Делхи е отворена, но еден од нејзините секретари вели дека осумтемина дипломати немале никакви контакти со Багдад веќе две недели. Нивна главна грижа, вели тој, се членовите на нивните семејствата во Ирак.

Овој ирачки дипломат вели дека тој и неговите колеги речиси сите информации ги добиваат од телевизиските станици на Арапски јазик, каква што е Ал-Џезира. Тој додава дека како владини службеници, тие ќе ги следат инструкциите од Багдад. Инаку, во Индија нема ирачки амбасадор. Претходниот бил повлечен пред некое време, без да се испрати негова замена.

XS
SM
MD
LG