Линкови за пристапност

Ирак после Садам Хусеин - 2003-04-10


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Коалицијата предводена од САД има јасна цел во Ирак: разоружување на режимот на Садам Хусеин и отстранување од власт на преостанатите негови членови. Непријателот е режимот на Садам Хусеин, а не ирачкиот народ. Во борбите во оваа војна, коалицијата ги презема сите мерки на претпазливост за да ги заштити ирачките цивили.

Претседателот Џорџ Буш кажа, “Претстојат тешки борби, иако нема сомневање каков ќе биде исходот. Ирак ќе биде слободен“:

„Откако ќе биде отстранет актуелниот режим, нашата коалиција ќе работи на обновување на доводот на електрична енергија и на резервите на вода, на медицинската заштита и други суштински служби во Ирак. Ќе работиме колку што е можно побрзо да ги предадеме надлежностите на владата под контрола на привремената управа составена од Ирачани, како однадвор така и од земјата“.

Привремената управа ќе владее додека ирачкиот народ не избере нова влада. На Ирачаните во обновата ќе им помагаат членовите на коалицијата, меѓунардоните организации и ОН. Оваа работа, вели претседателот Буш, нема да биде лесна:

„Но ќе го сториме тоа. Во слободниот Ирак ќе владеат закони, а не диктатор. Слободен Ирак ќе биде мирен, а не пријател на терористите или опасност за соседите. Слободен Ирак ќе го предаде сето оружје за масовно уништување. Слободен Ирак ќе тргне по патот на демократијата. Крајот на режимот на Садам исто така ќе го отстрани изворот на насилство и нестабилност на Блискиот Исток.“

Коалицијата нема да остане во Ирак ниту еден ден повеќе отколку што е потребно. Народот на Ирак е способен да раководи со сопствената држава. И како што кажа претседателот Буш, “токму тоа ќе се случи“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG