Линкови за пристапност

Јапонија и Филипини го поздравија падот на режимот во Багдад и ветија помош за повоен Ирак - 2003-04-10


Еден ден по паѓањето на владата на Садам Хусеин, двата американски сојузници, Јапонија и Филипините, ветија помош за ирачкиот народ за обнова на земјата.

Во Токио, премиерот Јунихиро Коизуми го поздрави брзиот крај на војната. Владата вети 100 милиони долари хуманитарна помош за ирачкиот народ.

Шефот на кабинет на премиерот, Јасуо Фукуда кажа дека како втора светска економија, Јапонија треба да стори се што е во нејзина можност за обнова на Ирак.

Филипинскиот претседател Глорија Аројо најави дека Манила ќе испрати 500 мировници и хуманитарни работници, да помогнат во обновата на Ирак.

Индонезија и Кина, кои беа против војната, денеска повикаа ОН да учествуваат во повоен Ирак. Могу ирачки дипломатски мисии во Азија, продолжуваат да работат вообичаено, иако некои дипломати не знаат со сигурност што се случува со нивната влада во Багдад.

Касим Шакир е главниот ирачки дипломат во Токио. Тој е дециден:„Јас немам никакви контакти со Багдад“.

Некои ирачки дипломати, пак, и натаму упорно стојат на ставот дека коалиционите сили во Багдад се “странски окупатори“.

XS
SM
MD
LG