Линкови за пристапност

Кина се залага за водечка улога на ОН во Ирак - 2003-04-10


Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лиу Џианчао го повика Советот за безбедност на ОН брзо да ја преземе контролата врз повторната изградба на материјалното и политичкото милје на Ирак.

Господинот Лиу вели дека Советот за безбедност би требало да направи детален план и сеопфатни подготовки за повоената реконструкција.

Тој кажа и дека во повоените планови мора да се почитува волјата на ирачкиот народ и на соседите на Ирак. Успешен план, според портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, би бил оној што би ја заштитил ирачката политичка независност, сувереност и територијален интегритет.

Кина исто така бара брза акција на ОН за да се спречи натамошното страдање на ирачкиот народ. Господинот Лиу вели дека Кина ќе продолжи со хуманитарната помош за Ирак.

Кина како една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН со право на вето, беше мошне вокална против воената акција. Властите во пекинг и натаму ги повикуваат Лондон и Вашингтон да ги завршат воените операции во Ирак и да ги средат недоразбирањата во ОН.

XS
SM
MD
LG