Линкови за пристапност

Најнови вести - 9 април 2003 - 2003-04-09


Ирак-војна

Американските тенкови и војници влегоа во центарот на Багдад, а извештаите говорат за прослава, но и за борбите во делови од главниот град на Ирак. Телевизиските снимки прикажуваат дека војниците држат позиции околу плоштадот Фридос во Багдад, каде маринците им помогнаа на Ирачаните да ја урнат огромната статуа на Садам Хусеин. На Универзитетот Багдад, што се наоѓа во близина, репортерот на Си-Ен-Ен извести дека американските маринци биле нападнати. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека коалиционите сили нема да запрат се додека режимот на Садам Хусеин не биде отстранет од секој агол. Репортерите го забележуваат и денешното отсуство на претставниците на ирачката влада, додека американските сили се распоредуваат низ главниот град. Толпи Ирачани ги пљачкосуваат владините објекти, одземајќи технички стока.

Реакции: Буш и Чејни

Претседателот Буш вели дека сцените на радост во Багдад покажуваат дека поривот кон слободата е незадржлив. Портпаролот на Белата Куќа Ари Флејшер кажа дека претседателот така го дефинирал овој историски момент но предупреди дека војната не е завршена и дека сеуште има градови кои не се слободни. Господинот Флејшер кажа дека Белата Куќа не е сигурна дали ирачкиот претседател Садам Хусеин е жив или мртов, но дека тој секако ја пропуштил шансата да замине во егзил по мирен пат. Зборувајќи со уредниците на вашингтонските весници потпредседателот Дик Чејни кажа дека го гледаме паѓањето на централната власт на ирачкиот режим. Тој кажа дека ОН треба да бидат инволвирани во хуманитарни те напори. Но тој кажа дека клучната улога во реконструкцијата на Ирак и создавањето на новата ирачка влада ќе треба да се остави на американската влада.

Европа и Ирак

Франција и Британија се согласија дека ОН мора да играат важна улога во повоената реконструкција на Ирак, намалувајќи го значењето на разликите што ги поделија двете држави пред конфликтот. Францускиот министер за надворешни работи Доминик де Вилепин кажа дека тој и неговиот британски колега Џек Строу се согласиле оти коалицијата предводена од САД што ги изведува воените операции во Ирак, треба првично да биде одговорна за гарантирање на безбедноста во земјата. Но тој кажа дека тие исто така се согласиле дека ОН треба да имаат централна улога во тој процес. Во берлин германскиот канцелар Герхард Шредер повотрно побара централна улога за ОН во Ирак, поздравувајќи ги индикациите оти војната се приближува кон крајот.

Балкански самит

Заврши Самитот на шефови на држави и влади од девет балкански земји што се одржува во Белград, на кој лидерите ветија продолжување на регионалната соработка за интеграција во Европа. Лидерите на шестиот по ред Самит на Процесот на соработка во Југоисточна Европа денеска се согласија дека нивната главна цел е членство во ЕУ. Претседателот на Европската Комисија, Романо Проди, проширувањето на Унијата го нарече, тежок процес, но пред учесниците на Самитот кажа дека нивните земји на крај ќе станат дел од европското семејство

Епидемија на САРС

Светската здравствена организација и ја пренесе на Кина својата загриженост од извештаите дека Пекинг сака да скрие голем број од случаите на заболени со новата смртоносна болест, од која досега во Азија и Северна Америка починаа над 100 лица. Портпаролот на Здравствената агенција на ОН денеска исто така побара дозвола за проширување на истражувањата на Тешката форма на акутниот респираторен синдром или САРС во кинескиот главен град. Еден познат кинески лекар јавно ја обвини владата за прикривање на деталите за епидемијата. Ова барање, експертите за оваа болест кои ја претставуваат Светската здравствена организација го изложиле денеска на средбата со кинеските министери за здравство и со вице-премиерот Ву Ји. Тимот ги брифирал владините претставници за нивната работа во изминатата недела во јужната провинција Гуангдонг, каде што болеста за прв пат се појави во ноември.

XS
SM
MD
LG