Линкови за пристапност

Рамсфелд: Во Багдад се отвора нова страница во историјата - 2003-04-09


Секретарот Рамсфелд рече дека, цитираме "не е спорно оти во Ирак претстојат тешки и многу опасни денови и оти борбите ќе потрајат уште некое време“.

Тој истакна дека, сепак, секој што ќе ги види лицата на ослободените Ирачани во Багдад, ќе каже оти ова е многу добар ден.

“Сцените на слободните Ирачани кои прославуваат на улиците, кои се возат на тенковите, ги кршат статуите на Садам Хусеин во центарот на Багдад ни го одземаат здивот. Секој што ги гледа, не може а да не помисли на паѓањето на Берлинскиот ѕид и на уривањето на Железната завеса. Ние сме сведоци на отворање на нова страница во историјата, на настани што ќе го одредат курсот на земјата, судбината на народот и евентуалната иднина на регионот“, изјави американскиот секретар за одбрана.

Секретарот Рамсфелд рече дека Садам Хусеин сега го зазема заслуженото место покрај поранешните диктатори како Хитлер и Сталин. Секретарот кажа дека коалиционите сили и натаму мора да продолжат со потрагата по Садам и неговите синови, да ги обезбедат нафтените полиња на северот, да го отстранат спорадичниот отпор и остатоците од режимот од, цитираме „секој агол на земјата".

XS
SM
MD
LG