Линкови за пристапност

Славје на улиците на Багдад - 2003-04-09


На улиците на Багдад - знаци на прослава. Илјадници Ирачани насобрани во разни делови на Багдад извикуваа – „Постои само еден Господ, а Садам Хусеин е непријател на Господа“. Еден младич носеше транспарент на кој пишуваше – „Довидување Садам“. Еден постар човек, пак, удираше постер на Хусеин, додека друг плукаше на постерот.

Очигледно, славениците се чувствуваа доволно безбедни, за јавно да го искажат својот презир кон Хусеин. Само пред неколку дена, за ваквите гестови многу веројатно би им била изречена смртна казна.

На улиците не можеа да се видат припадници на обезбедувањето, и некои Ирачани тоа го искористија за да крадат мебел, храна и други предмети од продавниците и канцелариите.

Претставници на американската одбрана предупредуваат дека очекуваат понатамошни борби во и околината на Багдад, како и во северен Ирак, но барем овој ден, прославата ги замени воените грижи на многумина Ирачани во главниот град.

XS
SM
MD
LG