Линкови за пристапност

Победа за ирачкиот народ - 2003-04-08


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Коалицијата предводена од САД е се поблиску до целта за разоружување и отстранување на режимот на Садам Хусеин. Кога тоа ќе биде остварено, како што кажа претседателот Џорџ В. Буш, народот на Ирак ќе има шанса за подобар живот:

"Нашата победа ќе значи крај за тиранот кој владееше со ширење страв и тортура. Нашата победа ќе го отстрани спонзорот на теророт, кој поседува оружје за мосовно уништување. Нашата победа ќе ги исполни праведните барања на ОН и на цивилизираниот свет. И кога победата ќе биде остварена, таа ќе биде поделена со народот на Ирак, кој долги години страдаше, и кој заслужува слобода и достоинство".

Коалиционите сили предводени од САД стасаа до срцето на ирачкиот главен град, Багдад. Коалицијата уништи локации каде што беа поставени ракетни лансери што претставуваа закана за соседните земји. Таа го спречи Садам Хусеин да ги уништи ирачките нафтени полиња. Воедно коалицијата доставува тони хуманитарна помош за ирачкиот народ.

Режимот на Садам Хусеин, кој го губи здивот, продолжува со заплашување и убиства во безнадежните обиди да остане на власт. На Ирачаните им е наредено да се борат против коалицијата, под закана дека во спротивно ќе бидат погубени од одредите на смртта на Садам Хусеин. Некои Ирачани се присилени да се борат, поради заканата дека ќе им бидат убиени децата. И, како што истакна претседателот Буш, гангстерите на Садам ги убиваат ирачките цивили кои се обидуваат да избегаат во ослободените области:

"Училиштата и болниците се користат како скривалишта за воена опрема. Тие служат како бази за воените операции. Спроведувачите на режимот ладнокрво ги убиваат Ирачаните кои ќе покажат пријателство кон коалиционите трупи. Народот на Ирак во ваков кошмар живее над две децении". Коалицијата предводена од САД сега работи на тоа да стави крај на тој кошмар.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG