Линкови за пристапност

Американската команда жали поради загинувањето на тројцата новинари во хотелот во Багдад - 2003-04-08


Централната команда веднаш реагираше на сугестиите од се-арапската сателитска телевизиска мрежа Ал Џезира дека нејзиното дописништво во Багдад било намерна цел при бомбрадирањето врз главниот ирачки град, при што загинал еден од нејзините новинари.

Во подоцнежен инцидент, кога американски тенк истрелал проектил кон хотелот каде престојува поголем дел од странските новинари, загинале еден камерман на Ројтерс и еден камерман на шпанска телевизиска мрежа.

Бригадниот генерал Винс Брукс, портпарол на Централната команда рече дека некој од хотелот најпрвин стрелал кон тенкот. Тој додаде дека американските сили се обидуваат да не ги повредат цивилите, но сепак мораат да се бранат.

„Знаеме дека изведуваме борбени операции во урбани средини, области кои режимот намерно ги избира да ги брани, а не да ги напушти. Свесни сме за тоа дека додека ги изведуваме овие операции се зголемува ризикот за населението, но мораме да останеме фокусирани на нашата цел за отстранување на режимот, пред да дојде до поголема загуба на човечки животи“, рече Брукс.

Американски официјални лица велат дека ќе спроведат истрага за инцидентот во хотелот, но додаваат дека ирачкиот режим често поставува снајперисти и други парамилитарни припадници на вакви цивилни локации.

XS
SM
MD
LG