Линкови за пристапност

Обезбедувањето во САД - 2003-04-04


Американците се прилагодуваат на новите безбедносни мерки во јавните згради, аеродромите и раборните места. Мајк О’ Саливен известува дека едно тело составено од стручњаци неодамна направило анализа на предизвиците со кои земјата се соочува на домашен терен.

Наспроти популарното гледиште во Америка, тероризмот не е ништо ново, вели Џулс Крол од компанијата Крол Инкорпореитед, што е една од поголемите безбедносни фирми. Тој вели дека неодамнешните терористички напади имаат историска претходница. „Не толку одамна“, вели тој, „всушност кон крајот на 60-тите, во контекст на Виетнамскиот конфликт, бомби беа поставувани во банки во Калифорнија и на други места“.

Г-динот Крол беше еден од неколкутемина експерти кои зборуваа на конференцијата во Лос Анѓелес. Тој се сеќава дека во 70-те години, групите како Италијански црвени бригади и германската банда, Бадер-Маинхоф, ја тероризирале Европа.

Во САД, домашните терористички групи, како на пример, Ведермен, причинија помалку проблеми. Тој вели дека европските земји имале различни успеси во во справувањето со тероризмот, додека ги заштитувале правата на своите граѓани.

Тероризмот на исламските милитанти во Америка дојде во 1993-та година , кога група предводена од Рамзи Јусеф, подметна бомба во Светскиот трговски центар, при што загинаа шест, а беа повредени повеќе од 1.000 лица.

Од компанијата на г-динот Крол, тогаш било побарано да ја процени безбедноста во Светскиот трговски центар и тој вели дека биле предложени подобрувања, вклучувајќи подобро организирани процедури за евакуација.

За жал, вели г-динот Крол, никој не можеше да ги обезбеди зградите на Светскиот трговски центар, кога како проектили. Повеќе 2.800 лица загинаа кога огнот ги блокира излезите и зградите се урнаа.

Од тие напади наваму, овој аналитичар вели дека приватните компании во САД на обезбедувањето гледаат посериозно. Господинот Крол вели дека поголемите филмски студија инсистирале на воспоставување на програма со која ќе се обезбеди проверка на оние кои влегуваат таму, зашто очигледно студијата се голема мета на оние кои не веруваат во модернизацијата и западниот стил на живот, и кои на Холивуд гледаат како на зло.

Заедно со приватните компании, на обезбедувањето работат и властите на локално и федерално ниво во земјата.

Џон Милер, како нововработен претставник на обезбедувањето во Лос Анѓелес, проблемот прво го погледнал со очи на репортер. Како поранешен телевизиски новинар, тој го интервјуирал Осама бин Ладен, а подоцна напишал книга за терористичките мрежи. Господинот Милер неодамна доби работа како раководител на новото Биро за контра-тероризам во полицијата во Лос Анѓелес. Се предвидува Бирото да вработи преку 200 полицајци. Половина од персоналот ќе работи на истрага, набљудување и собирање на разузнавачки материјали. Другата половина, во која ќе спаѓаат групи за детекција на бомби и единици за откривање на опасни материјали, ќе имаат надлежност и за планирање и превенција.

Чинењето на дополнителните безбедносни мерки и натаму претставува отворено прашање за локалните власти. Лос Анѓелес зеде шест милиони долари од други фондови на градот за да ги покрие трошоците за заштитна облека за полицајците и пожарникарите, во случај на хемиски напад. Федералните претставници ветија дека ќе обезбедат дополнителни средста, но се уште не го сториле тоа.

Трошоците за обезбедувањето достигнаа огромни суми за американските аеродроми. Новата Администрација за безбедност во сообраќајот вели дека за обезбедување на аеродромите годишно троши околу шест милијарди долари.

Левичарските и анархистичките групи стоеја зад повеќето терористички напади во 70-те години. Во многу од денешните терористички групи членуваат исламски екстремисти. Џон Милер од полицијата во Лос Анѓелес вели дека мусламската и арапската лутина околу палестинското прашање е причината за повеќето терористички инциденти, вклучувајќи го и, како што вели самиот, нападот од 11-ти септември.

Дејвид Гордон, кој раководи со Канцеларијата за транснационални прашања во Централанта агенција за разузнавање-ЦИА, вели дека Осама бин Ладен подоцна ја усвоил палестинската кауза.

„Мотиваторот за Ал-Каида, мотиваторот за Бин Ладен, не е палестинското прашање. Но се согласувам дека тоа станува се повеќе кислородот за разгорување на исламскиот екстремизам во светот“, вели тој.

Претставникот на ЦИА се согласува со г-динот Милер дека мировниот план за Блискиот Исток мора да биде дел од стратегијата за справување со тероризмот.

Експертите за тероризам, велат дека во останатите стратегии треба да се вклучи обезбедувањето на пристаништата и собирање на подобри разузнавачи информации за терористичките групи.

XS
SM
MD
LG