Линкови за пристапност

Градот Багдад - 2003-04-04


Багдад е изграден во 8 век од страна на калифите Абасид кои во главниот град на Арапската империја се преселиле од Дамаск. Лоциран во центарот на античка Месопотамија, на бреговите на реката Тигар, градот владеел со централна Азија, Северна Африка и тероторијата на денешна Шпанија. Багдадските калифи ги прифаќале трговците, учителите и уметниците од сите делови на муслиманскиот свет и долго време во Багдад мнозинство било не арапското население. Процутот на Багдад својот врв го достигнува во 9 век, за време на управата на калифот Харун Ал Рашид. Тоа бил Багдад од „Илјада и една ноќ“.

Пљачкосувањето од страна на Монголите во 13 век ставило крај на Багдадскиот калифат, од кога во градот започнува процут и потоа со векови опстојува како динамична, мултиетничка метропола. Пред Садам Хусеин, во градот живеела голема еврејска и христијанска популација, но и Курди, Туркомани и персиски малцинства. Подоцна, најголем број од Евреите и христијаните се исселиле, но градот го задржува својот космополитизам и секуларниот карактер.

Дописникот на Гласот на Америка, Емад Ашур најголем дел од животот го минал во Багдад. Во разговорот од Ирак преку сателитски телефон, каде што се наоѓа заедно со американските трупи, тој се потсетува на прекрасниот град, со палми, џамии и споменици, кого бруталниот режим го претворил во застрашувачки и мрачен град.

„Тоа е многу убав град. Уживав во животот таму. Доколку со овој град управуваше добра влада, која ќе дозволеше да се уживаат благодетите на животот, да, овој град можеше да понуди се што ќе замислиш. Големата река го дели градот на два прекрасни дела. Можеш да имаш убав живот таму, да се забавуваш, како од „Илјада и една ноќ“ , вели господинот Ашур.

Како впрочем и цел Ирак, популацијата на Багдад е мешавина од Суни, Шиити и Курди, со многу длабока економска поделеност. Далеку од богатите области, главно населени со Суни, се наоѓа пренаселената, доминантно населена со Шиити населба позната како „Садам сити“.

Излегов на улица и веднаш се најдов сред толпа..., вели новинарот на Us News and World report, Кевин Вајтло, при неговата посета на Садам Сити во 2000 година. Сиромашните Шиити од Садам сити, истакнува Вајтло, се незадоволни од режимот, но најчесто својот бес го истураат врз посетителите од Запад кои доаѓаат во нивната населба. Но, доколку Американците им донесат храна и друга помош, тие можат да добијат топло добредојде.

Професорот Амациа Барам од Универзитетот во Хаифа, кој пишувал за историјата и социјалната структура на Багдад, е уверен дека Шиитите и Курдите ќе ги прифатат Американците, но без многу ентузијазам: „Тие ќе ги прифатат Американците од типот `Добро е што дојдовте`. Не верувам дека ќе фрлаат цвеќе и бомбони на тенковите, но ќе ги прифатат Американците и ќе бидат подготвени да се договораат со нив, да разговараат за она што се случува, за тоа како да се обнови инфраструктурата, како да се управуа со градот и слично“, вели тој.

Воспоставувањето на ред во градот по војната, ќе биде првата, сериозна задача за коалиционите сили. За обновата и управувањето со градот на дневна основа ќе биде потребна соработка од жителите на Багдад.

Образуваната класа во Багдад, вели Кевин Вајтло е под големо западно влијание, и во однос на изгледот и во однос на начинот на живот, а во изминативе години во градот е забележлива и неодамнешната исламизација на животот.

Има луѓе кои се сеќаваат на деновите, не така одамна-само пред шест или седум години, кога имало барови и ноќни клубови, и на многумина тие денови им недостасуваат, вели господинот Вајтло.

Во моментов, сепак, ретко кој помислува на ноќните клубови, баровите или кафеаните. Според извештаите, градот е обвиткан со чад од запалените нафтени извори, чија цел е да ја попречува видливоста на коалиционите авиони. Низ Багдад патролираат голем број војници и агенти за внатрешна безбедност-Мукхабарат.

Многумина жители на Багдад заминуваат во руралните средини, додека селаните се обидуваат да ги протуркаат своите производи на привремени-диви пазари. Оние што останале во градот изгледаат уморно и незаинтересирано. Каква ќе биде нивната реакција кога коалиционите сили ќе се приближат и кога сегашниот поредок во градот ќе почне да се распаѓа? Дали агентите на Садам Хусеин ќе се обидат да предизвикаат хаос и хуманитарна криза? На одговорот на овие прашања ќе треба да се почека, но големи се шансите Багдад повторно да се издигне не само како "убав град за живеење", туку и како голем арапски центар, отворен кон светот и иднината. Но за Емад Ашур и за многумина други Ирачани со надежи, патот кон тој нов Багдад може да биде долг и со многу опасности.

XS
SM
MD
LG