Линкови за пристапност

Буш:Нема да прифатиме ништо друго во Ирак, освен комплетна и конечна победа - 2003-04-03


Кампот Лежун е база на преку 17.000 маринци кои сега се наоѓаат на бојните полиња во Ирак. Говорејќи пред трупите во базата, претседателот даде оптимистична проценка за текот на војната.

„Напредуваме. Нашата цел е Багдад. Нема да прифатиме ништо друго, освен комплетна и конечна победа“, порача г-динот Буш.

Но, во неговата посета, имаше и доза на тага - соочувањето со фактот дека некои од маринците од кампот Лежун требаше да ги дадат своите животи во овој конфликт.

„Кампот Лежун изгуби некои од своите добри маринци. Секој кој ќе загине на должност, зад себе остава семејство кое ќе жали“, рече тој.

Десетина маринци од овој камп се или убиени или се водат како исчезнати во борбите во Ирак. Претседателот Буш за време на посетата на базата оствари приватни средби со некои од семејствата на загинатите војници.

XS
SM
MD
LG