Линкови за пристапност

За Ирак, извештаите за напредокот на коалиционите сили се илузија - 2003-04-03


Додека новинарите кои се наоѓаат со единиците на коалицијата во Ирак велат дека тие се на неколку километри од Багдад, ирачките претставници и натаму го тврдат спротивното.

Ирачкиот министер за информации, Мохамед ал-Сахаф пред новинарите во Багдад денеска изјави дека тврдењата оти коалиционите трупи се во близина на ирачкиот главен град, се илузија.

„Тие не се ниту ни на 100 милји од градот. Тие не се никаде, не држат под контрола ништо во Ирак. Ова е илузија што тие се обидуваат да ја пласираат на другите, илузија. Тие не контролираат ниту еден град во Ирак. Тие се во бегство. Тие се во замка насекаде во земјата„, кажа Ал Сахаф.

Тој соопшти дека во бомбардирањата на Багдад и неговата околина, од вчера наваму, загинале 27 цивили, а 193 лица се повредени. Не постои начин ваквите информации дасе потврдат од независен извор. Како и да е, за прв пат, г-динот Ал-Сахаф изјави дека бројките за загинатите цивили, што ги дава за време на своите прес-конференции, се врз ваза на проценки.

XS
SM
MD
LG