Линкови за пристапност

Брукс: Коалиционите сили се многу близу до Багдад - 2003-04-03


Заменик-директорот за операции на американската армија, бригадниот генерал Винсент Брукс соопшти дека некои од коалиционите трупи се блиску до Багдад, притоа одбивајќи да прецизира колку блиску и за колку време ќе пристигнат во градот.

„Ние сме внимателни оптимисти. Иако бележиме успеси, свесни сме дека се уште ни претстојат битки. Не можеме целосно да предвидиме што ќе се случи понатаму“, рече г-динот Брукс.

Коментарите на генералот уследија по извештаите дека американските единици со голема брзина се движат кон ирачкиот главен град. Генералот Брукс рече дека американските трупи минале низ преминот Карбала, што е на околу 80 километри од Багдад, и зазеле уште еден значаен мост на Еуфрат. Тој кажа дека овие сили изведуваат, како што го нарече, напад со цел кон Багдад.

Претставници на коалицијата велат дека се уништени две дивизии на ирачката Републиканска гарда, а заробени илјадници ирачки војници.

XS
SM
MD
LG