Линкови за пристапност

Репресираните Ирачани се приклучуваат кон Слободните ирачки сили - 2003-04-03


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Хаким е ирачки Американец. Тој избегал од бруталниот режим на Садан Хусеин во 1974 година и оттогаш живее во САД. Кога стана извесно дека ќе дојде до војна во Ирак, Хаким како доброволец се приклучи на американските единици. Сега тој е припадник на Слободните ирачки сили.

Неговата задача е да работи заедно со американските трупи во близина на ирачката граница со Кувајт. Кога беше запрашан зошто сака да се бори, Хаким одговори: “Нашата приказна е приказна на 22 милиони Ирачани. Тие последните 25 години ги поминаа во тотално диктаторство, лишени од достоинство и слобода. Нашата мисија е мисија на ослободување, за слободна и демократска држава.“

Ирачкиот режим уби стотици илјади Ирачани; вршеше политички убиства, погубувања по случаен избор и масовни убиства. Владата на Садам Хусеин рутински ги мачеше, тепаше, силуваше и злоупотребуваше затворениците. Наводните политички противници беа веднаш погубувани.

Шансата да се стави крај на овие злосторства беше причина илјадници Ирачани да ја контактираат американската влада, и да се пријават во Слободните ирачки сили. Многумина, како Хамди, се од САД. Тој го остави неговото семејство и работата за да им се придружи на Слободните ирачки сили. Во 1991 година, вели Хамди, “се вклучив во востанието против режимот, со цел да го собориме Садам и да ја повратиме слободата и демократијата во Ирак. Сметам дека овие Слободни ирачки сили ќе бидат продолжение на мисијата што ја започнавме во 1991 година“.

Претседателот Џорџ Буш кажа дека коалиционите сили предводени од САД нема да запрат се додека ирачкиот народ не биде слободен:

“Им ветувам на граѓаните на Ирак: Доаѓаме со моќна сила за да ставиме крај на владеењето на вашите угнетувачи. Доаѓаме за да ви донесеме храна и лекови и подобар живот. Доаѓаме и нема да запреме. Нема да попуштиме се додека вашата земја не биде слободна“.

Секој ден, коалиционите сили предводени од САД се се поблиску кон победата.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG