Линкови за пристапност

Со ирачките воени заробеници се постапува според Женевската конвенција - 2003-04-02


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Илјадници војници го напуштат безнадежниот режим на Садам Хусеин. Многумина едноставно се претопуваат во ирачкото население. Оние кои и се предадоа на коалицијата предводена од САД се тертирани во согласност со Женевската Конвенција и правилата на војната, истакнува Шефот на американскиот Здружен Генералштаб, Ричард Маерс:

"Имаме преку 4.000 непријателски воени заробеници. Му овозможивме на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посети. Колку што ми е познато, тие се обидувале да ги посетат и заробениците на коалицијата кои се во рацете на Ирачаните и се надеваме дека тие ќе сторат дело за почит, ќе направат вистински чекор и ќе му дозволат на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посети воените заробеници, на што се обврзани со Женевската конвенција".

Медицинските тимови на коалицијата се грижат за повредените Ирачани, исто како и за повредените сојузнички војници. "Како лекари ние не правиме разлика меѓу пациентите, дали се пријатели или непријатели", вели Карен Ричи, која работи како медицинска сестра во американската болница на бродот на морнарицата, Комфорт.

Во заднинските комплекс се подготвуваат оброци за ирачките воени заробеници, во согласност со муслиманските обичаи. Иако ирачките заробеници се наоѓаат во заднинските редови, тие добиваат исто онолку оброци колку и коалиционите трупи кои се на борбените линии. Тоа предизвика погрешни информации дека на ирачките заробеници муслимани им биле делени оброци со свинско месо. Доколку некој заробеник-муслиман добие оброк што не сака да го јаде, тој може да го замени за друго јадење.

Во текот на Заливската војна во 1991 година, коалицијата предводена од САД имаше околу 70.000 ирачки воени заробеници. Со нив се постапуваше добро. Сите што сакаа да се вратат во Ирак, тоа им беше овозможено за само неколку недели по завршувањето на војната. Околу 4.000 ирачки воени заробеници кои биле малтретирани од страна на Садам Хусеин и присилувани да се борат за него, добија политички азил во САД.

САД и нивните коалициони сојузници ги прифатија ирачките трупи кои избраа да го напуштат Садам Хусеин. Оние кои продолжуваат да се борат за него ќе понесат целосна одговорност за постапките, вклучувајќи го и третманот на заробениот персонал на коалицијата.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG