Линкови за пристапност

Пауел: САД ќе ги снабдуваат своите сили во Ирак преку Турција - 2003-04-02


На заедничката прес-конференција со г-динот Ѓул, секретарот Пауел ја пофали Турција за придонесот во воените операции на коалицијата.

„Ги решивме сите заостанати прашања кои се однесуваа на снабдувањето на коалиционите трупи преку Турција на оние единици кои одлично ја вршат работата на одржување на стабилноста во северен Ирак“, рече државниот секретар Пауел. Тој нагласи дека турската помош ќе биде фокусирана на обезбедување хуманитарни добра,храна и гориво за коалиционите сили.

Господинот Ѓул кажа дека за договорот постигнат со САД не е потребно одобрение од турскиот Парламент, кој минатиот месец го одбиамериканското барање за распоредување на десетина илјади американски борбени сили на турска почва.

Во интервју за Гласот на Америка, г-динот Ѓул нагласи дека низ Турција нема да се пренесува борбен материјал и дека турските бази нема да се користат за доставување воен материјал. Тој кажа дека преку турската територија ќе се пренесува храна и гориво, што ќе се купуваат од Турција и притоа ќе се користат турски камиони.

На прес-конференцијата, г-динот Пауел го повтори американскиот став дека во моментов нема потреба турските трупи да влезат во северен Ирак.

„Како што сите знаеме , Турција е загрижена за потенцијален наплив на бегалци преку границата , како и заради терористички напади што може да бидат насочени на Турција, или пак за проширување на контролата на Курдите во области кон југ. Разговаравме за секоја од овие ситуации и мислам дека им покажавме на нашите турски пријатели дека ја следиме внимателно состојбата, ја имаме под контрола и затоа, во овој момент нема никаква потреба турските сили да се придвижат преку границата“, истакна г-динот Пауел.

Курдските групи кој го контролират северен Ирак остро се противат на евентуална воена интервенција од страна на Турција, велејќи дека тоа би испровоцирало слични интервенции од соседен Иран. Во минатото, Турција се закануваше дека ќе испрати свои трупи во северен Ирак за да се спречат ирачките Курди во евентуално прогласување независност од Багдад или преземање контрола врз нафтените полиња во ирачките провинции Киркук и Мосул.

Турскиот министер за надворешни работи додаде дека иако Турција е определена своите акции во северен Ирак да ги координира со САД, и натаму го задржува правото, доколку има потреба, да постапи унилатерално.

XS
SM
MD
LG