Линкови за пристапност

Најнови вести - 2003-04-01


Ирак – Ансар ал-Ислам

Американските специјални сили и нивните курдски сојузници велат дека ја поразиле исламската милитантна група, која наводно е поврзана со терористичката мрежа ал-Каида, од територијата што ја контролирала во северен Ирак.

Командантот на специјалните сили вели дека во американските воздушни напади и офанзивата на курдските копнени трупи против Ансар ал-Ислам биле убиени поголем број на нејзините припадници и биле извлечени преживеаните од селата, а таа група се држи во близина на ирачко-иранската граница. Специјалните сили откриле материјали на местото за кое се верува делка Ансар ал_ислам работеле на хемиско и биолошко оружје, но за тоа нема други детали.

Ирак - војна

Во говорот што го прочита ирачкиот министер за информации, претседателот Садам Хусеин повикува на света војна против силите предводени од САД во Ирак.

Во изјавата што му се припишува на Садам се вели дека таквата војна е обврска на ирачкиот народ и дека оние што ќе бидат убиени во судирите со освојувачите ќе бидат наградени во рајот. Ирачката државна телевизија соопшти дека Садам ќе се појави и немаше објаснување зошто министерот за информации го кажа говорот. Продолжија воздушните напади врз Багдад и денеска, додека еден командант на американската армија изјави дека американските копнени трупи влегле во опколениот град Наџаф.Во меѓувреме коалиционите авиони извршија воздушни напади во три наврати во и околу Багдад.

Ирак – контролен пункт

Во тек е истрагата за вчерашното убиство на седуммина ирачки цивили од страна на американските војници на воениот контролен пункт во близина на ирачкиот град Наџаф.

Американската Централна команда вели дека војниците од третата пешадиска дивизија му дале знак на едно возило да запре и кога тоа не запрело, испукале неколку куршуми како предупредување. Кога возилото и натаму не запирало, војниците пукале во него, при што биле убиени седум од 13 жени и деца што се наоѓале внатре. Денешен Вашингтон пост дава поинаков редослед на настаните, сугерирајќи дека американските војници не го предупредиле доволно возилото пред да почнат да пукаат. Инцидентот се случил на околу 30 километри северно од контролниот пункт каде што четворица американски војници во саботата загинаа при самоубисвен бомбашки напад.

Боливија

Спасувачи започнаа потрага по жртви од вчерашното лизгање на земјиштето во северниот град Чима со рудници на злато, во Боливија.

Официјални претставници велат дека е тешко да се утврди колку луѓе притоа загинале заради слабите врски со оваа оддалечена област. Боливиските власти првично кажжаа дека стотици куќи биле закопани и околу 700 лица се исчезнати. Спасувачките екипи се упатени кон градот од главниот град, Ла Паз, но мораат да минат најмалку 10 часа за да се пробијат по планинските патишта.

XS
SM
MD
LG