Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска заминува во тридневна посета на Турција и Белгија - 2003-04-01


Господинот Пауел прво ќе ја посети Анкара, во обид да ги подобри затегнатите американско-турски односи, откако турскиот парламент гласаше против распоредување на американски војници на турска територија, за оттаму да влезат во северен Ирак.

Секретарот Пауел изјави дека на средбите во Анкара ќе го потенцира американското противење на каков и да е воен чекор од страна на Турција во северен Ирак и покрај загриженоста на турските власти поради евентуалната бегалска криза и курдските сепаратисти.

„Сакам да ги уверам турските лидери дека со нашето присуство во Северен Ирак, тие нема потреба да размислуваат за упади во регионот. Целта на посетата е да се чуе нивниот став и да се осигураме дека имаме заеднички јазик“, истакна господинот Пауел.

Се очекува секретарот Пауел во четврток, во Брисел да оствари средби со претставници на НАТО и на ЕУ, при што ќе разговара за можната европска улога во реконструкцијата и безбедноста на Ирак по војната.

XS
SM
MD
LG