Линкови за пристапност

Продажба на руска опрема на Ирак - 2003-03-28


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Коалиционите сили предводени од САД се борат за разоружување на режимот на Садам Хусеин и за ослободување на ирачкиот народ. Средe оваа борба, светот дозна дека руски фирми на режимот на Садам Хусеин тајно му продавале чувствителна воена опрема. Опремата се состои од апарати за упад во сателитскиот глобален систем за позиционирање на коалицијата, или скратено ГСП. За среќа, опремата не била успешно искористена. Како што посочи портпаролот на претседателот Џорџ В. Буш, Ари Флејшер:

"Ние сме загрижени поради извештаите за тековната соработка и поддршката што руските компании за производство на ГСП опрема им ја даваат на ирачките трупи. . . Исто така, постојат и други причини за загриженост, како што се двогледите за ноќно посматрање и анти-тенковски наведувачки ракети".

Продажбата на опрема на Ирак, со најмала потенцијална можност за употреба како воена опрема, е под строги санкции од ОН. Повеќе од 12 години на сила е и целосна забрана за продажба на воена опрема. Долго време пред започнувањето на војната, САД на руските официјални претставници им ја пренесоа загриженоста поради продажбите од страна на руски фирми. На 24 март, претседателот Буш и претседателот Владимир Путин телефонски разговараа по ова прашање.

Над 40 земји им се приклучија на САД и на "коалицијата на добрата волја " за ослободување на Ирак. Другите земји, меѓу кои и Русија избраа да не и се приклучат на коалицијата. САД го почитува овој избор. Но сите земји од страна на ОН се обврзани да обезбедат компаниите што се под нивна јурисдикција да не му даваат нелегална помош на режимот на Садам Хусеин.

И како што кажа претседателот Буш: "Иднината на мирот и надежите на ирачкиот народ сега зависат од нашите борбени сили на Блискиот исток . . . Тие својата работа ја извршуваат храбро и вешто, рамо до рамо со нашите најдобри сојузници".

САД и другите членки на коалицијата, во конфликтот влегоа без двоумење. Но сега кога конфликтот започна, рече претседателот Буш, "ние нема да прифатиме друг исход, освен победа".

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG