Линкови за пристапност

Најнови вести - 2003-03-28


Буш-Ирак

Претседателот Буш вели дека САД и нивните сојузници ќе останат во Ирак онолку колку што ќе биде потребно за соборување на Садам Хусеин и да се стави крај на она што г-динот Буш го нарекува „упориште на теророт“ на ирачкиот лидер.

Г-динот Буш, кој вчера имаше средба со британскиот премиер Тони Блер, рече дека сојузничките сили во Ирак ги постигнуваат своите цели и напредуваат кон Багдад. Г-динот Блер кажа дека САД и Британија се решени дека Садам Хусеин ќе биде од власт, а Ирак ќе биде разоружан.

Ирак-воени операции

Сојузничките борбени авиони го напаѓаат Багдад и други локации во Ирак, што претставува најинтензивно бомбардирање во овие девет дена од војната.

Медицински извори во главниот ирачлки град велат дека денеска загинале околу 30 лица, а 50 биле ранети во нападот на пазарот. Очевидци велат дека при напад на канцеларијата на владеачката партија Баат, загинале осум лица. Коалицијата предводена од САД не реагираше на овие извештаи. Погодени биле и објект за комуникации и позиции на републиканската гарда. Четворица американски маринци исчезнале во жестоките борби во Насарија во јужен Ирак. Британските офицери велат дека ирачките паравоени сили во градот Басра пукале врз стотици цивили кои се обидувале да го напуштат градот.

Ирак-САД

Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер вели дека американската Влада не може да предвиди уште колку долго ќе трае војната во Ирак.

Г-динот Флејшер денеска одговараше на новинарските извештаи дека кампањата под американско раководство се одвива мошне поспоро и се соочува со посилен отпор од очекуваниот. Командантот на американските армиски сили во регионот на Персискиот залив, генералот Вилијам Валас рече дека напредувањето на американскте сили кон Багдад е забавено поради оддалеченоста на логистиката и неочекувано големиот отпор што го пружаат ирачките сили користејќи неконвенционални тактики. Портпаролот на Белата куќа кажа и дека претседателот Буш отсекогаш бил свесен за непредвидливоста на војната, додавајќи дека г-динот Буш има верба оти американските сили ќе извојуваат победа.

Рамсфелд-Сирија-Иран

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд ги предупреди Сирија и Иран да не се мешаат во војната во Ирак.

На денешниуот брифинг во Пентагон, господинот Рамсфелд ја обвини Сирија дека на Ирак му доставува воени средства. Тој кажа дека САД ги сметаат воените пратки за непријателски акт и ќе ја сметаат Сирија за одговорна. Секретарот за одбрана исто така го предупреди Иран заради активностите на ирачките опозициони шиитски сили, Силите Бадр, што ги поддржува Иран. Господинот Рамсфелд кажа дека активностите на Силите Бадр не би помогнале во Ирак и рече дека нивните борци ќе се сметаат за противници од страна на коалицијата предводена од САД. Тој кажа дека САД ќе го сметаат Иран за одговорен за акциите на Силите Бадр.

ОН-Ирак

Советот за безбедност на ОН се согласи да ја обнови програмата Нафта за храна со која се обезбедуваат храна и лекови за 60 проценти од 26-милионското ирачко население.

ОН упатија апел до сите влади во светот за собирање на преку две милијарди долари итна хуманитарна помош за Ирак. Претставниците на Светската организација велат дека повеќе од половина од планираните средства, или околу една запирка две милијарди долари ќе бидат употребени за купување на храна за ирачкото население. Портапролот на Белата куќа, кажа дека претседателот Буш му изразил благодарност на Советот за безбедност за едногласната акција да се обнови оваа Програма.

Ирак-протести

Растечкото негодување поради војната во Ирак предводена од САД денеска предизвика масовни собири во џамиите и на улиците во муслиманскиот свет.

Поттикнати од жестоките говори на имамите, муслиманите го изразуваат својот протест на војната за која сметаат дека се води против нивните соверници-муслимани во Ирак. Во Иран, земјата која беше во осумгодишна крвата војна со соседниот Ирак, десетици илјади лица излегоа на улиците на Техеран протестирајќи против како што сметаат агресијата на Запад против една муслиманска земја. Во Дубаи, во Емиратите на Персискиот залив, над пет илјади демонстранти одржаа први анти-воени протести во земјата. А во Каиро, преку 15.000 демонстранти марширале низ улиците на стариот град како поддршка на Ирак, додека во Појасот Газа на Западниот брег, илјадници Палестинци палеле кукли со ликовите на западните лидери. Во меѓувреме, во Азија, каде што живее најбројното муслиманско население во светот, слични протести се одржале и во градовите ширум Индија, Пакистан, Бангладеш и Индонезија.

XS
SM
MD
LG