Линкови за пристапност

„Гласот на Америка“ во централен Ирак - 2003-03-28


РУ:Синоќа овде беше мирно, многу малку активност во однос на постојаните проблеми што ги имавме со припадниците на Федаин, паравоените милитанти лојални на Садам Хусеин. Тие ги провоцираа американските трупи во изминативе неколку дена и имавме некаква информација дека синоќа подготвувале офанзива, но се до утрово, ништо не се случи. Се поставуваат прашања што се случува во моментов со Федаин, дали стивнуваат нападите од нивна страна, или пак работат на прегрупирање? Не би знаела да ви кажам, но стотици припадници на Федаин, дури и повеќе од тоа, беа убиени во изминативе неколку дена во судирите со коалиционите трупи долж ирачката територија.

Највознемирувачко во врска со Федаин е тоа што има информации дека тие може да се прегрупираат во населените области и дека планираат да го масакрираат локалното ирачко население во областите окупирани од страна на американските и британските трупи, а потоа за тоа да ги обвинат коалиционите сили. Има и некои извештаи дека припадниците на Федаин се обидуваат да се облечат во американски униформи, и на тој начин да ја напаѓаат војската и цивилите.

ЛИНЧ:Алиша, се наоѓаш близу до војниците. Дали тие зборуваат за тоа колку долго би можела да трае оваа војна?

РУ:Мислам дека имаат разбирање оти војната нема да заврши брзо, како што многумина, можеби, се надеваа на почетокот. Секако дека еден од факторите за тоа е провокацијата од страна на Федаин. Федаин ги попречува коалиционите трупи кои напредуваат кон Багдад. Исто така, неизвесно е дали Садам Хусеин ќе употреби хемиско оружје. Со сите непознати, тешко е да се каже кога точно коалиционите трупи ќе можат да влезат во Багдад. Всушност, јас прашав еден војник кога очекува да се врати дома. Тој ми одговори дека ако тоа се случи пред Божиќ, би било одлично.

XS
SM
MD
LG