Линкови за пристапност

Целите на операцијата „Ирачка слобода“ - 2003-03-26


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Безбедноста во светот бара итно отстранување на злиот, корумпиран и брутален режим на Садам Хусеин. За да му се стави крај, коалицијата под американско раководство, поддржана од Британија, Австралија и уште четириесет други земји, води војна во Ирак. Како што кажа британскиот премиер, Тони Блер, целите на коалицијата во оваа војна се јасни:

„Коалицијата е таму да го острани Садам Хусеин од власт и да осигура дека Ирак е разоружан од сите програми за хемиско, биолошко и нуклеарно оружје“, рече британскиот премиер.

„Во тек на операцијата Ирачка слобода“, кажа премирот Блер, „примарна грижа на коалицијата, ќе биде напредокот на ирачкиот народ.Сакаме оваа кампања да ја изведеме на начин што ќе го сведе на минимум страдењето на обичните Ирачани од бруталниот режим на Садам Хусеин. Целта ни е да се обезбеди богатството на земјата за иден напредок на нејзиниот народ, и оваа војна да не биде освојувачка, туку ослободувачка“.

„Војната ќе потрае, но судбината на Садам Хусеин и неговиот режим“, рече премиерот Блер, „е запечатена“. „Садам ќе замине. Овој режим ќе биде заменет. На ирачкиот народ ќе му помогнеме да обезбеди подобра иднина. Оружјето за масовно уништување, од кое мирољубивиот Ирак нема корист, ќе биде елиминирано“, додаде тој.

Како што кажа британскиот премиер, Тони Блер, „иако е извесно дека коалицијата ќе наиде на нови потешкотии во наредните денови на војната, нејзината победа е сигурна и неизбежна“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG