Линкови за пристапност

Буш-Ирак - 2003-03-26


Претседателот Буш рече дека силите предводени од САД во Ирак добро напредуваат, но крајот на војната е се уште далеку. За време на посетата на Централната команда во Флорида, претседателот истакна дека светот сега добива јасна слика за ирачкиот режим. Тој рече дека оние што ги малтретираат невооружените воени заробеници и глумат предавање за да пукаат врз трупите кои сакаат да им помогнат, наскоро ќе се соочат со правдата. Г-динот Буш се сретна со воените планирачи и со офицерите од сојузничките земји кои учествуваат во воените операции во Ирак и Авганистан. Од Флорида, г-динот Буш замина во Кемп Дејвид на средба со британскиот премиер Тони Блер.

XS
SM
MD
LG