Линкови за пристапност

НАТО-членство - 2003-03-26


Министрите за надворешни работи на седум источноевропски земји денеска потпишаа протоколи за придружување како чекор кон полноправно членство во НАТО.

Претставниците на Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија ги потпишаа документите на официјална церемонија во седиштето на Алијансата во Брисел. Лидерите на НАТО лани во ноември на Самитот во Прага ги поканија овие земји да и се приклучат на Алијансата, со образложение дека ги спровеле бараните воени, економски и демократски реформи потребни за членство. Несогласувањето околу војната во Ирак под американско раководство предизвика поделеност меѓу 19-те земји-членки на НАТО. Но, генералниот секретар на Алијансата, Џорџ Робертсон вчера изјави дека спротиставените ставови не претставуваат закана за проширувањето.

XS
SM
MD
LG