Линкови за пристапност

Турција-Ирак - 2003-03-26


Началникот на турската армија Хилми Озкок изјави дека Анкара ќе испрати допонителен број војници во северен Ирак само во координација со САД.

Генералот Озкок денеска во Турција изјави дека ќе го преземе овој чекор, доколку турските трупи во регионот бидат нападнати или доколку не бидат во можност да се справат со евентуална бегалска криза. Под овие услови, Турција сака да испрати трупи на 20 километри внтаре на ирачка територија за да ги обезбедуваат бегалските кампови. Вашингтон ја предупреди Турција да не презема каква и да е унилатерална и некоординирана воена акција во Ирак. Претставниците на ЕУ предлагаат зголемување на помошта за Турција, но предупредуваат дека ќе има сериозни последици во односите меѓу Турција и Унијата доколку дојде до турска инвазија на Ирак.

XS
SM
MD
LG