Линкови за пристапност

Гласот на Америка на терен со коалиционите сили во Ирак: Разговор со дописникот Алиша Ру - 2003-03-26


ЛИНЧ: Алиша, знаеме дека и натаму траат песочните бури. Дали тие се се одрзауваат врз напредокот на трупите? Што се случуваше во текот на ноќта?

РИУ: Да, песочните бури продолжуваат. Американските сили и натаму напредуваат. Минатата ноќ третата единица на третата пешадиска дивизија од седмата бригада водеше жестока битка со ирачките сили. Тие се соочија со со релативно мал број Ирачани, како што ги нарекуваат лесна пешадија, веројатно дел од нерегуларната војска, но не се сигурни за какви групи се работи. Тие се појавуваат во цивилни лесни товарни возила, со тешки митралези монтирани на задниот дел. Борбите се жестоки. Во изминативе 24 часа се убиени неколку стотици ирачки војници. Најжестока беше битката кај градот Наџаф, во правец на Багдад. Како што дознав, американските трупи го обиколиле градот и работите се смируваат. Битката стивна околу 5 часот утринава по локално време. Нашите сили добија и поддршка од воздух, при што беа испукани неколку прецизно водени ракети. Нема жртви кај американските сили, но од рачни гранати оштетени се два текови „Ем 1 Абрамс“, и едно борбено возило „Бредли“. Екипажот не е повреден и е евакуиран. Маринците сега се движат во правец на својата цел. Утрово пристигнуваат повремени извештаи дека тие се соочуваат со извесен отпор северно од Ал Насирија. Но одговорниот за врски на маринците овде во нивното седиште е убеден дека тие се на вистинскиот курс - кон Багдад.

ЛИНЧ: Алиша, дали наидовте на некои ирачки цивили? Дали имаше контакти со Ирачани?

РИУ: Не. Поминавме покрај еден овчар, осамен во пустината, но во смисла на наидување на поголема цивилна популација, не. Ние сме длабоко среде пустина.

XS
SM
MD
LG