Линкови за пристапност

Индексот на потрошувачката доверба во САД повторно во опаѓање - 2003-03-25


Индексот на потрошувачката доверба сега изнесува 62,5, што е за два проценти помалку од оној во февруари 64,8, кој е рангиран како најнизок од октомври 1993-та година, до денес.

Лин Франко е директор на невладината економска аналитичка организација, Центар за истражување на потрошуваката при Конференцискиот борд. Таа смета дека, се додека пазарот на трудот е во криза, спиралното опаќање ќе продолжи. А соземањето на берзите на акции, дури и при успешно завршување на војната во Ирак, ќе придонесе само за привремено намалување на тензиите.

„Дури и ако има успешен исход на Блискиот исток, искуството од претходната Заливска војна ни говори дека по завршувањето на конфликтот имаше привремено зголемување на потрошувачката доверба, по што таа се врати на основата, на фундаменталните параметри. Неколку години имавме променлива доверба едноставно поради тоа што условите на пазарот на трудот беа лоши. Мислам дека и овој пат ќе го имаме истото сценарио“, истакна госпоѓата Франко.

Таа истакнува дека растот на економијата е премногу спорадичен за да придонесе да се отворат нови работни места. Всушност, информациите говорат дека во март се затворени околу 300.000 работни места.

Кога станува збор за Њујорк, како главен американски финансиски центар, вестите се дури и полоши.

„Таму податоците се под националниот просек. Таму во голема мерка се зависи од она што се случува на финансиските пазари, бидејќи тие учествуваат со најголема работна сила. И кога пазарот е нестабилен, кога работите очигледно не одат добро, тогаш негативниот ефект е уште поголем. Има уште голем број други несигурности, како што е на пример заканата од тероризам“, смета госпоѓа Франко.

Конференцискиот борд секој месец прави истражувања на 5.000 американски семејства, во врска со нивните актуелни набавки и за тоа каков е нивниот поглед на целокупната економија.

XS
SM
MD
LG