Линкови за пристапност

Русија - Ирак - 2003-03-25


Ирачкиот министер за информации, Мухамед Саид Казим ал Сахат денеска во Багдад изјави дека во Ирак нема руски експерти и оти Русија никогаш не му дала опрема на Ирак. Американската Влада тврди дека поседува веродостојни докази оти руски фирми обезбедиле воена опрема за Ирак како што е опрема за електронско пресретнување, антитенковски ракети и очила за ноќно посматрање. Белата куќа вели дека претседателот Буш по ова прашање вчера телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин. Руски официјални претставници ги негираат овие обвинувања.

XS
SM
MD
LG