Линкови за пристапност

Буш-Воен буџет - 2003-03-25


Белата куќа соопшти дека ова барање за дополнителен буџет за војната е неопходен и возможен и изнесува помалку од еден процент од бруто домашниот производ. Над 80 проценти од воениот буџет ќе биде наменет за воените операции во Ирак и во глобалната војна против тероризмот. По брифингот со секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд, претседателот се обрати пред главните воени лидери. Тој се осврна на напредокот на силите предводени од САД кон Багдад. Утре, претседателот Буш во близина на Вашингтон ќе се сретне со британскиот премиер Тони Блер, на разговори за борбите и за иднината на Ирак.

XS
SM
MD
LG