Американскиот пратеник повторно не успеа да постигне договор со турските претставници за планот на Турција за испраќање дополнителни трупи во северен Ирак што е под контрола на Курдите.
Вашингтон и ЕУ се противат на ваквиот чекор. Американскиот пратеник во Анкара Залмај Калилзад изјави дека се работи за тешко и комплицирано прашање. Турција денеска ја извести ЕУ дека нејзините сили се распоредени долж границата со Ирак од хуманитарни причини и оти немаат намера да преземат воена акција. Исто така и во НАТО се воделе разговори за поддршка на планот на Турција за испраќање на трупи во длабочина од 20 километри во северен Ирак, во случај на избувнување на бегалска криза. Курдите во северен Ирак се заканија дека ќе ги нападнат турските трупи доколку тие ја минат границата. Турција истакнува дека сака да спречи евентуална бегалска криза.