Линкови за пристапност

Одобрена Резолуцијата за користење на турскиот воздушен простор во војната против Ирак - 2003-03-20


Резолуцијата беше усвоена релативно лесно, а гласањето уследи откако државниот секретар Колин Пауел неделава побара дозвола за користење на турскиот воздушен простор.

Турција нема да ја добие финансиската компензација која ја бараше во замена за соработката со САД по планот за воена акција против Ирак. Администрацијата на претседателот Буш претходно ветуваше околу шест милијарди долари во заеми и грантови на турската владеачка Партија за правда и развој, но под услов да се дозволи распоредување на 60 илјади американски војници на турска територија. На 1-ви Март, турскиот Парламент со тесно мнозинство гласови го одби ова барање, што резултираше со затегнување на американско-турските односи.

Одлуката на Турција да испрати илјадници свои трупи во северен Ирак може дополнително да ги зголеми постоечките тензии со ирачките Курди. Курдските лидери ветија дека ќе ги држат турските трупи надвор од енклавата ако треба и со сила. Вашингтон исто така ја охрабрува Анкара да не навлегува унилатерално во северен Ирак.

По денешното гласање турскиот министер за правда Џемил Чичек кажа дека турските трупи ќе влезат во Ирак од хуманитарни причини за да помогнат во справувањето со потенцијалниот масовен егзодус на курдските бегалци. Тој додаде дека Турција нема империјалистички амбиции во Ирак.

XS
SM
MD
LG