Линкови за пристапност

Рамсфелд: „Коалиционите сили синоќа погодија комплекс на ирачкото раководство“ - 2003-03-20


Секретарот Рамсфелд рече дека првиот напад бил изведен со ракети Томахавк и со бомбардерите Стелт, невидливи за радари, врз еден комплекс во Багдад, откако се добиени, како што истакна, добри разузнавачки информации кои индицирале дека внатре се наоѓале ирачки владини претставници од висок ранг.

„Коалиционите сили синоќа погодија комплекс на ирачкото раководство. Се очекува проценка на штетата. Тоа беше прв напад и веројатно нема да биде последен“, истакна господинот Рамсфелд.

Тој не кажа дали некој ирачки претставник бил убиен во овој напад.

Господинот Рамсфелд посочи дека цитираме „постои дебата“ за она што го емитувала ирачката телевизја по нападот, на која се прикажува дека Садам Хусеин преживеал. Не е јасно дали обраќањето на Садам Хусеин било снимено претходно, дали говорникот бил самиот ирачки лидер или негов двојник.

Секретарот Рамсфелд кажа и дека е можно ирачкиот режим да подметнал пожар на три или четири нафтени полиња во јужниот дел на земјата. Тој потенцираше дека деновите на режимот на Садам Хусеин се избројани.

XS
SM
MD
LG