Линкови за пристапност

Пентагон: Некои ирачки војници не се заинтересирани за борба против американските сили, но не се знае реакцијата на ирачкиот народ - 2003-03-18


Висок претставник на Пентагон кажа дека има индиции оти некои ирачки војници не се заинтересирани за борба против американските сили и дека ќе се предадат или пак е можно дури да ја променат страната.

Овој претставник, кој сакаше да остане анонимен, не даде други детали.

Но, најавата за можна капитулација на ирачките сили уследи по телевизиското обраќање на претседателот Буш до ирачката армија, при што им кажа “чесно да постапите и да ја заштитите вашата земја со тоа што ќе им дозволите на коалиционите сили мирно да влезат.“ Господинот Буш продолжи со барање до секој припадник на ирачката армија и до разузнавачките служби да не се борат за, како што рече, за “режимот што изумира и што не е вреден да го дадете животот“.

Претставници на Одделот за одбрана последниве недели употребуваа различни средства, од фрлање на летоци од авион до радио емисии, јавувања на мобилни телефони и електронска пошта за да бараат од ирачките војници, а особено од нивните команданти да не се спротиставуваат на инвазија предводена од САД.

Во некои пораки беше назначено и како војниците би можеле специфично да сигнализираат дека не сакаат да се борат. Еден леток што беше фрлен над Ирак, прикажува запален, нападнат тенк, со предупредување: “Заземете офанзивна позиција и ќе бидете уништени“. Потоа се прикажува втора слика на која цевката на тенкот е спуштена надолу и наназад и пишува дека оние кои не заземаат офанзивна позиција нема од што да се плашат.

Претставници на одбраната навестуваат дека американскиот напад, доколку и ако започне, ќе биде огромен и ќе има за цел да предизвика шок во земјата. Тие истакнуваат дека нападот ќе биде строго фокусиран на армиски и на владини цели, со како што се вели, огромно количество на артилерија што ќе биде употребено во првите 48 часа.

Високиот претставник на Пентагон во изјавата за Гласот на Америка индицираше дека нападот ќе биде фокусиран на Багдад, кој, според неговите зборови, е “центар на гравитацијата“ на Ирак.

Но тој признава дека најкритична, но непозната променлива работа во каква било воена акција ќе биде како на тоа ќе реагира ирачкиот народ, дури и покрај тоа што посебна грижа ќе биде да се избегнат цивилни жртви.

XS
SM
MD
LG