Линкови за пристапност

САД преземаат засилени мерки на безбедност во пресрет на воената акција против Ирак - 2003-03-18


Со подигувањето на предострожноста во САД на високо ниво, и додека можната војна со Ирак станува се поблиска, шефот за домашната безбедност Том Риџ нареди зголемено обезбедување на американските граници, аеродроми и пристаништа.

„Наша обврска е, сеедно дали сме федерална или локална влада, да бидеме подготвени за секаков обид за напад на нашите интереси и токму во таа смисла се овие координирани национални напори“, рече тој.

Зголемено е обезбедувањето на хемиските и нуклеарните објекти, а од гувернерите на федералните држави е побарано да распоредат трупи на Националната гарда зависно од потребите на локалната полиција.

Како дополнение на тоа, барателите на азил од Ирак и од 33 други држави се задржани на проверка додека ФБИ ги засилува напорите за влегување во трага на осомничени терористи.

XS
SM
MD
LG