Линкови за пристапност

Во деновите пред војна, американските берзи бележат пораст - 2003-03-18


Веќе четврти ден по ред, цените на акциите на Вол Стрит бележат пораст. Инвеститорите стануваат се поактивни поради можноста од куса и победоносна војна против Ирак.

Во вчерашното интензивно тргување, индексот на Доу Индастријал се накачи за 282 поени и пазарот заврши со тргување на ниво од 8142. Берзата забележа пораст од вкупно 600 поени во последниве четири дена.

Аналитичарите сметаат дека инвеститорите при трансакциите на ум го имаат подобрувањето на ситуацијата на берзите веднаш по Војната во Заливот во 1991-ва година. Сега-засега, берзите одат по нагорна линија.

Нафтените цени забележаа нагло намалување во вчерашното тргување. Тексас интермидиејт загуби 45 центи на Вол Стрит со што еден барел нафта падна на нешто под 35 долари. Нафтените цени во тргувањето со акции бележат нагло опаѓање во последниве два дена.

Доларот, чија вредност опаѓаше при меѓународната размена во текот на минатата година, вчера забележа најголем подем во вредноста во однос на еврото во последниве два месеца. Вредноста на доларот се покачи и во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк.

XS
SM
MD
LG