Линкови за пристапност

Анти-воените демонстранти во САД најавуваат серија протести - 2003-03-18


Додека војната против Ирак станува се поизвесна, анти-воените активисти во САД прават последени напори да се чуе и нивниот глас.

Десетици лица-демонстранти против војната во Ирак вчера беа уапсени за време на мирниот протест на тревникот пред зградата на американскиот конгрес на Капитол Хил. Организаторите на протестот велат дека се работи само за почеток на анти-воените активности планирани неделава ширум земјата.

Во Вашингтон викендов се насобраа десетици илјади демонстранти против војната. Мирниот протест со палење свеќи пред Споменикот на Линколн во неделата го отвори фолк-групата „Питер, Пол енд Мери“, позната по мировните песни во времето на Виетнамската војна. Собир имаше и во саботата, кој организаторите го опишаа како итен обид да се покаже противењето на јавноста на војна во Ирак. Меѓу демонстрантите беше и 47-годишната Џенер Фрик, уредувач на книги за деца од Њу Џерси, која носеше пано на кое пишуваше: „Сојузниците се губат со американската ароганција“. „Јас едноставно мислам дека нашата влада постапува неразумно и дека претседателот Буш влече напред во тоа“, вели г-ѓа Фрик.

41-годишниот Винс Њутон од федералната држава Вирџинија, најповеќе го загрижува загубата на недолжни човечки животи: „Пентагон планира да исфрли три илјади бомби врз Багдад во рок од два дена. Тоа е град со четири милиони жители. Не ме интересира колку прецизни се бомбите, тие сепак ќе убијат цивили. За мене, се се сведува на тоа“.

Не сите дојдоа да протестираат против војната. 36-годишниот Скот Гил носеше пано што ја повикува американската јавност да ги бојкотира француските производи. Во вербална конфорнтација со анти-воените демонстранти, тој ги отфрли наводите дека вистинската цел на војната е контрола врз ирачката нафта: “Садам уби милион и пол луѓе – ние на тоа сакаме да му ставиме крај“.

Групата Обединети за мир и правда, која служи како Интернет-промотер на анти-воените протести, најавува над 100 собири ширум земјата кога ќе започне војната.

XS
SM
MD
LG