Линкови за пристапност

Американските сили во Персискиот залив спремни за напад - 2003-03-17


Употребувајќи типично воен жаргон, висок претставник на Пенатагон изјави дека околу 250 илјади американски војници во Персискиот залив „со наполнето оружје го имаат Ирак на нишан“, и се подготвени да влезат во земјата секој момент, секој ден. Претставникот, кој сакаше да остане анонимен, кажа дека овие американски сили внимателно ја набљудуваат ситуацијата, во случај ирачките команданти да наредат превентивен напад, особено против речиси 150-те илјади американски војници во Кувајт. Запрашан дали ирачката армија на границата со Кувајт би можела да употреби хемиско или биолошко оружје, претставникот кажа, цитираме “ништо не треба да не изненади“. Но, тој за Гласот на Америка елаборираше дека иако Пентагон има некои информации што навестуваат дека Ирак наводно се подготвува да употреби оружје за масовно уништување, сепак, не постојат цврсти докази и дека тој не може да гарантира дека таквите индикации се веродостојни. Згора на тоа, тој изрази лино убедување дека ирачкиот лидер најверојатно нема да употреби хемиско или биолошко оружје освен како последен акт на очај, можеби додека се обидува да избега од земјата. Претставникот на Пентагон исто така смета оти употребата на оружје за масовно уништување на почетокот би ја уништила, како што ја нарече, ирачката фасада дека ги исполнува барањата на ОН за разоружување. Тој вели дека не е сигурен оти Садам Хусеин би го сакал тоа, затоа што, според неговите зборови, широко би се отвориле вратите за поддршка на акцијата под американско раководство против Ирак. Меѓу американските сили што се натрупани во регионот, има и носачи на авиони во Арапското и Средоземното Море, плус многу други бродови, од кои некои се поставени во Црвеното море заради евентуални напади со крстосувачки ракети, преку Саудиска Арабија во правец на Ирак. Исто така, во регионот на Персискиот Залив се наоѓаат и авиони од типот стелт, кои се невидливи за радарите, како и бомбардери, кои веројатно ќе учествуваат во првиот бран воздушни напади што би имале за цел да ги шокираат Ирачаните и со тоа брзо да се постигне победа. Претставникот на Пентагон исто така кажа дека мал број припадници на специјалните сили веќе се распоредени во северен Ирак. Тој навести дека нивниот број може значајно да се зголеми за мошне кусо време. (Signed)

XS
SM
MD
LG