Линкови за пристапност

Амнести интернешенел бара да има набљудувачи во Ирак - 2003-03-13


Директорот за меѓународно право при Амнести, Клаудио Кордоне вели дека во Ирак постои криза во однос на почитувањето на човековите права, со долга историја на тортура и исчезнување на лица. Изразувајќи загриженост поради можноста од нови прекршувања на правата, доколку дојде до конфликт во Ирак, г-динот Кордоне побара Амнести да добие дозвола да испратени волонтери кои ќе ја следат ситуацијата. “Набљудувачи се испраќале во различни ситуации, вклучувајќи ги и најтешките, независно дали се раоти за Хаити или Косово, пред започнувањето на воените судири, така што ова нема да биде исклучок. Ние не бараме тие да бидат таму кога ќе паѓаат бомби, но затоа сакаме да бидеме сигурни дека што и да се случи во Ирак, ќе се води сметка за човековите права. Набљудувачите сега, како и оние по евентуалната војна, се клучна компонента за тоа“, вели Кордоне. Амнести Интернешенал стравува дека ако дојде до војна, би можело да има крвави одмазди, било од страна на ирачкиот претседател Садам Хусеин врз курдските и шиитските заедници, било од овие заедници врз членовите на ирачката владејачката партија Баат. Амнести Интернешенал, според нејзиниот портпарол Аренас Лисеа, особено има намера да го сврти вниманието на Комисијата за човекови права во Женева на состојбата во Русија, со акцент на воената кампања во Чеченија. Амнести Интернешенал исто така има замерки и на американската политика во однос на затворениците кои се држат во базата Гвантанамо Беј, на Куба. Амнести смета дека загрижува недефинираниот законски статус на лицата кои таму се држат, односно дали тие се сметаат за воени заробеници или притвореници загрижува. Амнести најавува и дека ќе изврши притисок за реформи на Комисијата за човекови права на ОН, за која критичарите велат дека станала клуб за земјите-прекршувачи на човековите права. Оваа година со Комисијата ќе претседава Либија, а Амнести вели дека се потребни промени во ова тело на ОН, со цел да го задржи својот мандат и да продолжи да ги брани човековите права.

XS
SM
MD
LG