Линкови за пристапност

Вашингтон размислува за повлекување на новата резолуција за Ирак - 2003-03-13


Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер, изјави дека дипломатскиот процес што е во тек, можеби ќе заврши утре, или пак може да продолжи идната недела. За усвојување на новата резолуција која би отворила пат за воена акција, на Вашингтон му се потребни девет гласа во Советот за безбедност на ОН Претседателот минатиот петок кажа дека бара да се гласа во Советот за безбедност, без оглед дали резолуцијата ќе бие усвоена. Но американски владини претставници вчера оставија простор резолуцијата да биде повлечена, под услов да не добие доволна поддршка. Франција, Русија и Кина се против резолуцијата, затоа што тоа може да го доведе спорот со Ирак поблиску до војна. Тие бараат продолжување на инспекциите за оружје, со поредовни извештаи до Советот за безбедност. Франција вели дека ќе гласа против нова резолуција и го одби најновиот британски предлог да се постават конкретни услови што Ирак би требало да ги исполни. “Франција го разгледа британскиот предлог и го отфрли дури и пред Ирак да го отфрли. Ако тоа не претставува неразумно вето, тогаш што друго? Нние гледаме што прави Франција и би сакале тие поинаку да постапуваат“, изјави Флејшер. Господинот Буш денес ја продолжи интензивната телефонска дипломатија, со јавувања до лидерите на Јужна Кореја и Бугарија, како и до британскиот премиер Тони Блер. Американскиот претседател имаше и директна средба со ирскиот премиер Берти Ахерн на традиционалната церемонија во Белата куќа со која се одбележува празникот Сент Патрик. Г-динот Ахерн изјави дека Ирска ја поддржува новата резолуција за Ирак во ОН. Со над 270 илјади американски и британски војници во регионот, претседателот Буш вели дека е подготвен да употреби воена сила за да го разоружа Ирак, без оглед на тоа што ќе одлучи Советот за безбедност.

XS
SM
MD
LG