Линкови за пристапност

САД ќе бараат оваа недела да се одржи гласање за новата резолуција на ОН за Ирак - 2003-03-11


Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер вели дека независно од случувањата, оваа недела ќе има гласање. Тој додава дека во тек се консултации, посочувајќи дека се можни мали промени во резолуцијата. Но, тој ја отфрли сугестијата од некои членки на Советот за значајно пролонгирање на крајниот рок за разоружување.

„Претседателот смета дека има уште малку простор за уште малку дипломатија, но оти нема многу време. Сите сугестии кои се однесуваат на продолжување од 30 до 45 дена се беспредметни“, рече г-динот Флејшер.

За изгласување на резолуцијата се потребни 9 гласа во 15-члениот Совет за безбедност. Две од петте постојани членки кои право на вето, Франција и Русија, веќе се изјаснија дека се подготвени да гласаат „против“.

На прашањето, зошто претседателот Буш сака гласање по резолуцијата и покрај заканите од ставање вето, г-динот Флејшер одговори дека ќе се смета за победа, доколку најмалку 9 членки гласаат „за“ резолуцијата. Или како што рече: „ОН ќе кажат што имаат да кажат“.

XS
SM
MD
LG