Линкови за пристапност

Ставовите на претседателот Џорџ Буш за несоработката на Ирак со ОН - 2003-03-11


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Садам Хусеин имаше шанса да се разоружа. Тој имаше 12 години за да се ослободи од хемиското и биолошкото оружје, да ги елиминира своите балистички проектили, со дострел над 150 километри и да стави крај на својата нуклеарна програма. Во ноември минатата година, со резолуцијата 14-41 на Советот за безбедност на ОН, на ирачкиот диктатор му беше дадена уште една последна шанса.

Но, тој не се разоружа. Ирак продолжува да ги мами ОН. Како што кажа претседателот Џорџ Буш, “Ако ирачкиот режим се разоружуваше, ние ќе знаевме, затоа што ќе го видевме тоа. Ирачкото оружје треба да им биде покажано на инспекторите на ОН, а светот треба посведочи за уништувањето“.

Господинот Буш рече дека: “Ако светот не одговори на заканата од ирачкиот режим, одбивајќи да употреби сила, дури и како последно средство, тогаш слободните држави би требало да очекуваат огромни и неприфатливи ризици“.

Садам Хусеин има историја на неконтролирана агресија. Тој се бореше против Иран, и изврши инвазија врз Кувајт. Тој ги мачи и ги убива ирачките граѓани, вклучувајќи го и курдското малцинство. Ирак, исто така, е земја поврзана со терористите. Садам Хусеин обезбедува средства и обука, како и засолниште за терористите. Како што кажа претседателот Буш: “Ќе се напредува во правец на мир само доколку терористите изгубат богат покровител и заштитник и кога диктаторот ќе биде целосно и конечно разоружан“.

Надежта дека ситуацијата ќе се реши без да се преземе акција, ризикот од надежта дека Садам Хусеин ќе го промени мислењето и ќе стане нежна душа, се нереални. САД и нивните пријатели и сојузници не сакаат да влезат во војна. Но, вели претседателот Буш, “ако одиме во војна, ќе го разоружаме Ирак. И ќе има промена на режимот. И на место на тој рак вантре во Ирак ќе дојде влада која ќе ги претставува правата на сите луѓе.“ Садам Хусеин е личноста која може да избере меѓу војна и мир. “Досега“, кажа претседателот Буш, “тој правеше погрешен избор. Ако мораме, во име на мирот во светот, и во име на слободата на ирачкиот народ, ќе го разоружаме Садам Хусеин“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG