Линкови за пристапност

Драматично зголемување на бројот на коалиционите воздухопловни патроли над јужен Ирак - 2003-03-06


Висок претставник на Пентагон за Гласот на Америка изјави дека деновиве, американските и британските воени авиони над јужен Ирак изведувале по околу 800 мисии дневно. Претставникот, која побара да остане анононимен, ова го објасни со потребата на новодојдените пилоти да им се даде можност да се дообучат, запознавајќи се со ситуацијата на теренот. Но, тој исто така кажа дека целта на патролирањата е да се загрижат ирачките сили и да се маскира почетокот на борбени дејствија во случај претседателот Буш да даде наредба за инвазија.

При некои од најновите надлетувања биле извршени и напади. Денеска воените авиони користеле прецизна муниција при целењето на подвижниот противракетен систем земја-воздух, како и врз позиција на ирачката противавионска артилерија во јужен Ирак.

Коалиционите авиони денеска во јужен Ирак исфрлија и дополнителен број летоци. Во некои од нив, ирачките војници се повикуваат да ги напуштат единиците и да се вратат дома. Во други, пак, ирачката армија се предупредува да не користи хемиско или биолошко оружје, да не користи подводни мини и да не испушта нафта во водите на Заливот.

Најновите настани во регионот уследија по стратешките разговори во Белата куќа во средата, меѓу претседателот Буш, секретарот за одбрана, Доналд Рамсфелд, и командантот на американските сили распоредни против Ирак, генералот Томи Френкс.

Генералот Френкс вели дека американските војници во регионот, чиј број изнесува преку 200.000, се подготвени да нападнат веднаш откако претседателот ќе издаде наредба.

XS
SM
MD
LG