Линкови за пристапност

САД ќе обезбедат помош за ирачкиот народ - 2003-03-04


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Доколку Садам Хусеин одбие да се ослободи од оружјето за масовно уништување, како што бараат ОН, коалицијата под американско раководство тоа ќе го стори наместо него. Но, ова ќе биде војна за ослободување, а не за окупација. Како што кажа претседателот Џорџ В. Буш: „За ирачкиот народ слободата е голема морална кауза и голема стратешка цел. Ирачкиот народ тоа го заслужува, а и е потребно поради безбедноста на сите земји “.

На 26-ти февруари, претседателот Буш уште кажа дека коалицијата е подготвена, цитираме, „да им помогне на граѓаните на ослободениот Ирак. Ќе доставиме лекови за болните, а во моментов подготвуваме да внесеме итна помош од околу три милиони оброци, за да се прехранат гладните“. Освен храната и лековите, САД складираат ќебиња, контејнери со вода и други потребни продукти. Поголем дел од овој помошен материјал веќе се наоѓа во регионот, а остатокот е на пат.

За да ја дистрибуираат помошта, САД ќе соработуваат со ОН и останатите меѓународни агенции, со невладините организации како Црвениот крст и Црвената полумесечина. Во случај овие организации да не бидат целосно подготвени, САД ќе обезбедуваат директна помош се додека самите организации не ја преземат работата. Со цел да ги координира активностите за достава на помошта, САД обучуваат цивилна екипа за реакција во случај на катастрофи. Тимот наскоро ќе има свои претставници во Кувајт, Јордан и Катар.

САД ќе работат и на обнова на ирачката инфраструктура, која режимот на садам Хусеин со години ја уништува или ја запоставува. Покрај доставата на итна медицинска помош, се преземаат мерки и за обнова на електричната енергија и обезбедување на чиста вода за пиење. Клучен дел од напорите за реконструкција ќе биде да се обезбеди ирачката нафта и другите природни ресурси да бидат заштитени од саботажа и да бидат користени од страна на нивниот вистински сопственик, а тоа е ирачкиот народ.

За обновата на Ирак ќе биде потребна истрајна заложба на многу земји, вклучувајќи ги и САД. Како што истакна претседателот Буш: „Ќе останеме во Ирак колку што е потребно, ниту ден повеќе“. САД нема да се обидуваат да му налагаат на ирачкиот народ како треба да се обликува новата Влада. Тој избор, рече претседателот Буш, му останува на ирачкиот народ. Но, ние ќе осигураме дека постојниот брутален диктатор нема да биде заменет со нов. Сите Ирачани мора да имаат свој глас во новата Влада, и мора да бидат заштитени правата на сите граѓани“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG