Линкови за пристапност

САД се консултираат со сојузниците за можната реакција на најновите провокации од Пјонгјанг - 2003-03-04


Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер вели дека САД се во тесни консултации со своите сојузници за тоа кој би бил најдобриот начин за реагирање по најновата провокација на Пјонгјанг со пресретнувањето на американски набљудувачки авион над Јапонското Море.

„Додека зборуваме, американските претставници се консултираат со Република Кореја и другите наши сојузници за тоа како ќе протестираме по овој инцидент и најдобриот начин да се вложи тој протест“, рече г-динот Флејшер.

На г-динот Флејшер му беше поставено и прашањето, дали инцидентот ја поттикнало администрацијата на претседателот Буш да се запраша, дали дипломатските напори можат навистина да ги намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да ја решат нуклеарната криза.

Во интервју од понеделникот, г-динот Буш индицираше дека употребата на воена сила е опција, но на неа тој гледа како на последен избор. Портпаролот Флејшер истакна дека американскиот претседател останува определен за дипломатија и дека само повторно ја соопштил американската политика дека сите опции се на маса.

XS
SM
MD
LG