Линкови за пристапност

Буш:Новиот режим во Ирак би бил драматичен и инспиративен пример за слобода во останатиот дел од регионот - 2003-02-27


Претседателот сакаше да постигне две цели со говорот: првата, да го подготви американскиот народ за можната војна во Ирак, и втората, да добие поддршка во муслиманскиот свет за евентуалната воена акција за разоружување на Ирак.

Г-динот Буш звучеше оптимистички зборувајќи за своите надежи за Блискиот Исток, истакнувајќи го цврстиот став против Ирак, како дел од напорите за ширење на демократијата во регионот.

„Од Мароко, па се до Бахраин и пошироко, земјите преземаат вистински чекори кон воведување на политички реформи. Новиот режим во Ирак би бил драматичен и инспиративен пример за слобода во останатиот дел од регионот“, рече тој.

Г-динот Буш исто така кажа дека симнувањето на Садам Хусеин од власт ќе креира нова можност за решавање на израелско-палестинскиот конфликт. Тој рече дека со тоа би пресушила клучната поддршка на анти-израелските терористи и би се подготвил теренот за, како што рече, вистински демократска, палестинска држава.

„Без оваа надворешна поддршка на тероризмот, Палестинците кои работат на реформите и тежнеат кон демократија, ќе бидат во подобра позиција да изберат нови, вистински лидери кои се залагаат за мир“, кажа г-динот Буш.

Претседателот зборуваше пред конзервативната приватна истражувачка група – Американ Етерпрајс Институт. Тој истакна дека справувањето со предизвикот поставен од Ирак, нема да биде лесно, но повторно подвлече дека светот не може да дозволи еден брутален диктатор со опасно оружје да се спротистави на барањата за разоружување.

„Безбедноста на американскиот народ зависи од ставањето крај на оваа директна и растечка закана. Реагирањето на оваа опсност ќе биде голем придонес на долгорочната безбедност и стабилност во светотЌ, истакна тој.

Г-динот Буш не говореше за чинењето на евентуалната воена акција во Ирак или за негова реконструкција. Наместо тоа, тој повеќе употребуваше филозовски термини, навраќајќи се на лекциите од американската историја.

„Ќе останеме во Ирак онолку колку што е потребно и ниту ден повеќе. Америка на ова беше определена и порано – во мирот што уследи по светска војнаЌ, рече американскиот претседател.

Г-динот Буш рече дека за да се изгради Ирак, ќе биде потребна огромна заложба. Тој не зборуваше за цената во долари и центи за што се води дебата во Вашингтон. Но, постојат информации дека воената кампања за разоружување на Ирак и негова реконструкција ќе бидат потребни околу 95 милијарди долари. Тоа е приближно двојно повеќе од трошоците направени од Заливската војна во 1991-та година што ги натера Ирачаните да се повлечат од Кувајт.

XS
SM
MD
LG