Господинот Милер за неодамнешното апсење на Дилавер Бојку од село Велешта, струшко, од страна на македонската полиција, за кого постои сомневање дека е сторител на кривичните дела трговија со луѓе и посредување при присилуње на простутуција, изјави:
„За жал, оваа приказна ширум светот е повторувана илјадници пати, безброј пати неделно. Она што можам да кажам е секако дека сум задоволен што некои од сторителите се фатени и се надевам оти ќе уследат успешни судски процеси и обвиненија“, вели г-динот Милер.
На наше барање да ја коментира актуелната ситуација во Македонија кога станува збор за овој проблем, како и кои се, според него, главните причини за оваа појава во Македонија и соседството, господинот Милер беше дециден:
„Нема да навлегувам во детали за тоа што се случува во Македонија и на Косово, но она што можам да кажам е следново – онаму каде има политичка воља, воља за превенција, за гонење на осомничените лица, воља за заштита на жртвите, тогаш може многу да се стори и секако дека од особена помош е соработката меѓу раководставата во државите засегнати со ова зло“, вели тој.
Коментирајќи ги глобалните напори во справувањето со трговијата на луѓе, господинот Милер кажа:
„Ова не е предизвик само за Македонија. Во целиот свет луѓето почнуваат да осознаваат дека жените кои се присилени на проституција, се жртви, не се криминалци, тие се жртви и битно е полицијата и обвинителите да ги третираат разумно, мора да им се помогне на овие луѓе, доколку е можно, да се обезбедни засолниште, тоа е она што е битно“.
На конференцијата присуствуваа преку 300 делегати од 113 земји. „Учесниците разменуваат идеи, некои од нив се во центарот на случувањата и помагаат одговорните да се изведат пред правдата, некои работат на превенција како и образование на потенцијалните жртви и обезбедување на нивна рехабилитација“, истакна господинот Милер. „Мислам дека се работи за добра конференција“, рече тој, „и дека по нејзиното завршување, меѓу присутните ќе преовлада чувството да излеземе на теренот и да покажеме резултати, како во САД, така и во странство“.
Господинот Милер е поранешен конгресмен од федераланата држава Вашингтон, а Канцеларијата за мониторинг и борба против трговијата со луѓе при Стејт департментот, е основана во октомври 2001-та година. Таа е одговорна за координација на програмите и активностите на американската Влада во глобалната борба против трговијата со луѓе, вклучувајќи нивна принудна работа и сексуална злоупотреба.