Линкови за пристапност

Франција, Германија и Русија не ја поддржуваат втората резолуцијата за Ирак - 2003-02-24


По разговорите за ирачката криза за време на вечерата во еден берлински ресторан, францускиот претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер изјавија дека сметаат оти предлогот за нова резолуција не е оправдан.

Господинот Ширак, американско-шпанскиот чекор го оцени како непотребен, додавајќи дека се чини оти ниту поголемиот број членки на Советот за безбедност не се согласуваат со него.

Лидерите на Франција и Германија истакнаа дека нивните земји и Русија поднесуваат свој предлог до Советот со кој се воспоставува процес во кој Ирак би се разоружал.

Но, господинот Ширак вели дека предлогот не воспоставува краен рок или временска граница до кога Ирак би требало да заврши со разоружувањето. „Од инспекторите на ОН“, рече тој, „зависи колку на Ирак ќе му биде дадено време да се ослободи од наводниот арсенал оружје за масовно уништување“.

Двајцата лидери посочија дека сакаат Ирак да се разоружа, повторувајќи го нивниот став дека присилувањето на тоа со започнување војна, ќе доведе до, како што рече господинот Ширак „најлош резултат“.

XS
SM
MD
LG